ВИДЕО: Бокс меч на мраз – жестока пресметка на хокеј натпревар

402

Хрватскиот првак во хокеј на мраз, неочекувано во рамки на ЕБЕЛ лигата пред домашна публика загуби од италијанскиот шампион Болзано со 1-2.

Мечот одигран во Загреб го одбележа голема тензија, како на мразот, така и покрај теренот сооглед на неколкуте физички пресметки.

Судиите имаа доста работа, па покрај грубата игра и низата прекшоци, мораа да ги смируваат и страстите помеѓу хокеарите.