(ВИДЕО) Бокс-меч во НБА: Дерозан го превоспитуваше Драгиќ, се спукаа и Ибака и Џонсон

1256

Мајами и Торонто одиграа возбудлив меч, но покрај конечниот резултат, за гледачите беше интересен и физичкиот дуел на кошаркарите на двата тима.

Почна со инцидентот меѓу Серж Ибака и Џејмс Џонсон кои си разменија по некој удар. Судиите го забележаа тоа, ги раздвоија играчите, а потоа и ги исклучија.

Но, тоа не беше се. По завршувањето на натпреварот во дуел влегоа и Демар Дерозан и Горан Драгиќ при што Словенецот го извлече подебелиот крај.