ВИДЕО: Блиц-криг од Сити за Базел – Кејн врати надеж дека Тотенхем ќе остане во игра

505

Потоп во Базел, Манчестер Сити им ги уништи шансите и надежите на домаќините дека ќе сторат нешто повеќе.

Тоа беше британски блиц-криг во Базел, со головите на Гундоган, Силва и Агуеро, Базел е веќе збришан и без шанси за пласман понатаму.

Што се однесува до Торино, Јувентус на почеток од натпреварот преку Игуаин постигна два гола, а подоцна, пред крајот на полувремето, Кејн намали на 2:1, што ги одржува надежите на Тотенхем за пласман понатаму по реваншот во Англија, а минута пред полувремето, Игуаин промаши пенал и шанса да постигне хет-трик.