Германија вчера за прв пат го освои трофејот во Купот на конфедерациите, во финалето „панцирите“ ја совладаа селекцијата на Чиле со 1:0.
Мечот беше полн со убави шанси, но сепак на мечот видовме само еден гол, кој на крајот се покажа како клучен за Германците.
Посебно интересен момент беше кога во конфликт на теренот влегоа двајцата соиграчи од Баерн Минхен, Артуро Видал и Џошуа Кимих.
„Работите беа тензични на теренот, и моравме да расчистиме некои работи. По мечот не го видов Кимих, но кога ќе се вратиме во Минхен ќе се видиме. Тој требаше повеќе да игра а помалку да зборува, тоа му го реков. Но тој ми е пријател и се е во ред“, истакна Видал по натпреварот.