Верстапен се огласи: Моја грешка, но не беше намерно

34

Макс Верстапен направи грешка и предизвика инцидент во кој најлошо мина Себастијан Фетел.

Во свиокот 14 во 43. круг дојде до контакт помеѓу болидие на Верстапен и Фетел што на крајот му донесе казна на Холанѓанецот од 10 секунди, па Верстапен на крајот наместо на четвртото, заврши на петтото место.

„Видов како се мачи со гумите и се обидува подоцно да кочи во свиоците. Ги блокирав задните гуми и го удрив. Секако, не го сакав тоа, тоа беше моја грешка“, изјави Верстапен по трката, па додаде:

„Лесно е сега по трката да кажам дека требаше да чекам, што веројатно ќе беше подобра идеја, но за жал се случи тоа што се случи“.

Него го обвинија за агресивност на трките во последно време, а Фетел имаше што да му каже по трката во Шангај.

Победата во Кина ја однесе Даниел Рикардо од Ред Бул, кој славеше пред Валтери Ботас и Кими Раиконен.