Вардар тестира Аргентинец кој доаѓа од Ривер Плата

390

Аргентинскиот интернационалец Лукас Нахуел Охеда, се наоѓа на тренинзи со Вардар кои се одработуваат во тренинг кампот во населбата Хиподром. Станува збор за фудбалер кој што е роден 3. септември 1994 година во Буенос Аирес, и ќе мине извесен период на проба во нашиот клуб, пред да биде донесена одлука дали ќе биде ангажиран.

Охеда игра на позицијата офанзивен играч за врска, а бил дел од Ривер Плејт, кој што му е последен клуб пред да дојде на „тестови“ во „црвено-црните“.

Аргентинецот оди и на подготовки со екипата во Анталија каде што ќе биде дел и од неколку од закажаните пријателски натпревари на подготовките во Турција, преку кои стручниот штаб ќе има појасна слика за неговите квалитети.