Вардар имаше победа во финишот – но Ибраими не дозволи „Комитите“ да заминат со триумф

389

Како што му претстои на еден дерби првенствен натпревар помеѓу Шкендија и Вардар, бодовите беа поделени, но на теренот гледавме одличен фудбал.

Како Шкендија која е лидер на табелата, така и Вардар, и двете екипи силно ги посакуваа бодовите, но на крајот ги поделија.

Натпреварот беше без голови скоро во целиот тек, првиот гол падна во 78. минута кога Вардар преку капитенот Грнчаров поведе со 0:1 во Тетово.

Но кратко траеше радоста на нашиот најтрофеен клуб во државата, бидејки во 85. минута Ибраими стрела за 1:1 и поделба на бодовите.

Вардар со евентуална победа имаше шанса да дојде на -5 во однос на лидерот Шкендија, но на крајот Шкендија извлече бод и останаа оние +8 кои ги има тетовскиот клуб.