Вардар во новата година тргна со трио засилувања од Пелистер

575

Вардар, македонскиот шампион  пред почетокот на зимските подготовки, се засили со три нови имиња во своите редови. „Црвено-црните“ денеска се засилија со тројцата досегашни фудбалери на Пелистер Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски. Договорите на сите тројца се на три години.

Тошевски е роден на 6. мај 1994 година (23 години) во Тетово. Во досегашниот тек на кариерата настапуваше во Тетекс и во Пелистер. Тој во неколкуте квалификациски натпревари беше и стандарден член на македонската репрезентација за која има четири настапи. Игра на позицијата десен бек.

Попзлатанов има 21 година, роден е на 6. јули 1996 година во Скопје. Во сениорска конкуренција играше за Тетекс и Пелистер. Настапува на позицијата десно крило, но може да игра и како десен бек. Тој е актуелен младински репрезентативец на Македонија, член на селекцијата до 21 година.

Својата кариера Цветаноски ја почна во Македонија ЃП, а на почетокот на оваа сезона се пресели во таборот на Пелистер. Со своите 20 години (18.08.1997), Цветаноски е најмлад играч од сите тројца кои што го засилија Вардар оваа зима. Матеј е офанзивен играч кој што настапува и на левата и на десната страна, а игра и во средината како полушпиц, како и во нападот.