Ван Гал има јасен план: Сакам да му се одмаздам на Манчестер Јунајтед

2466

Искусниот стратег од Холандија, Луијс Ван Гал има интересна желба и план, сонува за одмазда кон својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

„Веројатно повеќе нам да тренирам клуб. Но би направил само една исклучок, а тоа е доколку некоја од големите англиски екипи во иднина сака да ме ангажира, би прифатил. Тоа ќе биде начин да се одмаздам на Манчестер Јунајтед“, изјави Ван Гал.

Односите помеѓу Манчестер Јунајтед и Ван Гал кој на клупата на „црвените ѓаволи“ беше во период од 2014 до 2016 годиниа, се нарушија откако додека тој се уште беше на клупата на тимот од „Олд Трафорд“, беше договорено доаѓањето на Жозе Мурињо.