Бурно е на Олимпијадата: Ќе има секс во Пјонгчанг

2285

Првпат на едни Олимписки игри спортистите јавно признаа дека, меѓу другото, таму се и за секс.

На учесниците им се поделени околу 110 илјади кондоми, а за Космополитан проговорија што очекуваат во олимпиското село.

“Што друго да се прави кога не едно место имате згодни спортисти и спортистки со фантастични тела и тесна опрема. Се разбира дека ќе има секс”, изјави американскиот натпреварувач во санкање Џон Дејли.

И другите се согласија со оваа констатација.

“Имате куп луѓе на возраст од околу 20-30 години кои изгледаат прекрасно и немаат каде да одат. Сигурно ќе има хемија”, додаде лизгачката Медисон Хабел.

Само на скијачот во слободен стил Џос Кристенсен не му кажале дека може да има секс. Тој призна дека никогаш на Олимписките игри не видел кондом.