Брајант: Трендот „Стеф Кари“ ќе ги уништи младите деца кои чекорат во кошарката

1587

Легендарниот Коби Брајант верува дека правилата во американската, па и во европската кошарка, релативно брзо ќе бидат променети, и дека не е далеку денот кога ќе се воведе и шут за 4 поени.

Тој е веќе пензионер, но одблиску ги следи случувањата во НБА кошарката.

Не сум за тоа да се знае, но ќе дојде време кога ќе бидеме подготвени за линија од четири поени. Кога денес ги гледам децата, кои почнуваат со тренинзите, гледам дека ја прескокнуваат основната кошарка и чекорите и вештините кои ја сочинуваат. Тоа е тој тренд на Стеф Кари, а тоа на некој начин ја уништува играта“.

Тој меѓу останатото, смета дека Кари не го вовел, туку дека го усовршил шутот за три поени.

Кари има страшен талент и знае многу за кошарката, но тоа тој го научи бидејки не форсираше шут за три поени. Но сега, децата од осум години даваат се од себе за да постигна три поени. Тоа е лошо, но кошарката се развива со времето, се менуваат правилата и ништо не е како порано“, истакна Брајант.