Браво, Рабио: Убаво е да му дадеме осум гола на Дижон, ама каде бевме вечерва?

2701

Стрелецот на единствениот гол за ПСЖ на “Бернабе”, Адријен Рабио ја даде вистинската дијагноза за состојбата во која се наоѓа неговиот тим оваа сезона.

“Светците” беа дочекани како големи фаворити во Мадрид првиот меч против актуелниот европски шампион, јо одиграа зихерашки и дома се враќаат со пораз од два гола разлика. Го немаше никаде оној тим кој гази во домашното првенство и буквално ги исмејува противниците.

„Убаво е да му дадеме осум гола на Дижон, но каде сме на вакви натпревари како овој против Реал? Разочаран сум. Почнавме како што треба, изгледавме сериозно, но секогаш зборуваме исти работи, ги правиме истите грешки и исто поминуваме”, изјави Рабио.