Борко ќе ја води Барселона – во Хрватска

853

Македонскиот интернационалец и голман на Барселона, Борко Ристовски, ќе отвори камп за млади ракометари во Омиш, Хрватска ова лето, во периодот од 28 јуни до 3 јули, за играчи до 20 години.

Овој договор помеѓу неговиот клуб и самиот Ристовски е потпишан на 4 години, што ќе биде прв тренинг камп под водство на Барселона за ракометари во Хрватска.