Блокотехна триумфално во Охрид, Работнички супериорен против Гостивар

416

Гевгелиската екипа на Блокотехна, вечерва се враќа со победа од Охрид, каде го совлада домаќинот со резултат 72:63.

По неповолните резултати од мечевите со МЗТ (во купот) и против Работнички во лигата, конечно добри вести за гевгелиската екипа.

Работнички оствари нова победа денеска, 18 во сезоната, а жртва беше тимот на Гостивар кој не успеа да дојде ни до бројката од 50 поени на оваа средба (74:49).

Повторно Чавдар Костов беше предводникот на „центарци“ и на овој натпревар, постигнувајки 20 поени, зад него беше Крстевски со 15.

Од останатите натпревари, Карпош Соколи – Шкупи 91:107, Струмица – Пелистер – 53:60.