Блокотехна го демолираше Кожув во градското дерби

409

Екипата на Блокотехна го демолираше градскиот ривал од Гевгелија Кожув со 91:54 во првиот натпревар од 12. коло во македонската кошаркарска лига.

Избраниците на Марјан Илиевски доминираа на натпреварот и триумфот го најавија практично по првата четвртина која му припадна на новиот прволигаш со 33:11. Блокотехна немаше милост за градскиот ривал ниту во втората и третата четвртина. Блокотехна ја намали „гаста“ во последната четвртина кога веќе беше решен победникот, па Кожув успеа колку толку да го ублажи и онака огромниот пораз.

На крајот Блокотехна и повеќе од заслужено славеше во гевгелиското дерби со разлика од 38 поени.

Кај победникот, Бовен беше најпрецизен со 14 поени, Лазаревски додаде 13, а по 12 имаа Ѓуровски и Двејн. Кај Кожув најдобар беше Салев со 14 поени, а двоцифрен беше и Начевски со 12 поени.

Фото: basketball.mk