Бизарна трагедија: Ѓуле на атлетски митинг утепа судија!

1447

Една од најбизарните трагедии во историјата на спортот се случила на еден атлетски митинг во Чешка.

Во натпреварувањето во фрлање ѓуле, куглата удрила еден од судиите и предизвикала смрт кај него. Според очевидците, таа завршила во градите на несреќниот Габриел Земан кој ја загубил свеста.

Тој добил фатални повреди, итно бил префрлен в болница, но таму само му била констатирана смрт.