Беше и остана вистински капетан: Одам во Париз, но останувам на кормилото на репрезентацијата

4432

Откако стана јасно дека Раул Гонзалес од идната сезона ќе биде тренер на ПСЖ, остана само да биде потврдено дали ќе остане селектор на репрезентацијата на Македонија.

Во разговор со француските медиуми, Раул Гонзалес тврди дека и понатаму ќе ја води Македонија, без оглед на тоа што ќе биде предводник на Пари Сен Жермен.

Среќен сум што ќе бидам тренер на ПСЖ идната сезона. Јас сум се уште тренер на Вардар, не сакам да зборувам многу. Едно е сигурно, и во иднина ќе бидам селектор на Македонија, па ќе ги комбинирам двете позиции. Договорот со репрезентацијата ми е до 2020 година и сакам да го испочитувам до крај“, истакна Гонзалес.

Македонската публика, посебно онаа навивачката на Вардар, ќе му биде вечно благодарна на Гонзалес за тоа што им донесе европски трофеј во витрините на клубот.