Белгиски љубовен триаголник: Де Брујне не зборува со Куртоа бидејќи му ја украл девојката

2022

Белгиските репрезентативци Кевин де Брујне и Тибо Куртоа не се во добри односи.

Причина за тоа е случката од пред 5-6 години кога сегашниот голман на Челси му ја украл девојката на својот соиграч од националниот тим. Де Брујне во 2014 година објави книга за својот живот и во неа го објасни љубовниот триаголник.

“Мојата девојка Каролина беше во Мадрид со неколку свои другарки и Тибо имаше тајна врска со неа. Потоа постапила не многу паметно и му кажала за тоа на мојот другар кој ми пренесе”, напиша Де Брујне.

Тој и Куртоа подоцна имале жесток инцидент на еден тренинг на репрезентација при што морале да се вклучат и соиграчите за да ги смират страстите.

Каролина подоцна го возвратила ударот и во јавноста пласирала приказна дека Кевин прв бил неверен.