Барселона продолжува триумфално во АСОБАЛ – Борко имаше блескав натпревар

864

По завршување на репрезентативните обврски на ЕП во Хрватска, ракометарите се враќаат во своите бази со своите клубови.

Голманот на нашата репрезентација, Борко Ристовски, се врати во Каталонија, каде денеска во рамките на АСОБАЛ првенството остварија нова победа против итмот на Пуерто Сагундо со резултат 33:29.

Уверлив беше почетокот на Барселона, па победата се надѕираше уште на полувремето каде гостите имаа предност од 10:17.

До крајот победата беше заокружена на +5, односно 29:33, а најефикасен во победничката екипа беше Гомез со 8 голови, додека Борко беше фантастичен, запишувајки 12 одбрани.