Барса го доби Челзи во осминафиналето, на Меси му се „стемни пред очи“!

2653

Денешната ждрепка за осминафиналето од Лигата на шампионите донесе два мега дуели, меѓу кои и оној помеѓу Барселона и Челзи.

Челзи ќе бара одмазда за 2009. година, а од друга страна Барселона се надева на продолжување на добрата традиција.

Каталонците имаат шест пласмани понатаму во седум двомечи досега кога играле со англиските тимови, а единствениот пат кога не успеале да минат беше токму против Челзи во сезоната 2011/12.

Но, освен тоа, уште една работа претставува огромен проблем за Барселона.

Имено, во осум досегашни дуели со Челзи, Меси ниту еднаш не успеал да ја затресе мрежата на „Сините“, а притоа упатил 29 удари кон голот, што е негов најлош учинок против еден клуб во кариерата. Освен тоа, Меси промаши и пенал за победа против Челзи, токму во таа сезона кога беа елиминирани од нив.

Ако не успее да го скрши проклетството, тогаш Барселона ќе биде во огромни проблеми против Челзи во осминафиналето.