Балардини ја призна грешката: Бев глупав што не му давав на Пандев да игра во Лацио

1341

Тренерот на Џенова, Давиде Балардини, ја призна својата грешка од времето кога беше тренер на Лацио.

Горан Пандев својата одисеја во Италија ја започна во екипата на Интер каде замина уште како тинејџер од редовите на Беласица. По неколкуте позајмици, тој се скраси во Лацио каде израсна во еден од најпознатите играчи во Серија А.

Сепак, во својата последна сезона Пандев имаше големи проблеми со претседателот Клаудио Лотито, кој вршеше мобинг врз нашиот фудбалер кој не сакаше да го продолжи договорот поради понудата од Мурињо да се врати во Интер. Поради политиката на претседателот, Балардини го тргна Пандев целосно од тимот во првиот дел од сезоната, по што тој конечно замина во Интер.

Сега, Балардини и Пандев повторно се заедно во Џенова, а капитенот на Македонија е неизоставен дел од екипата. Италијанскиот стручњак ја призна грешката од времето кога беше тренер на Лацио и му се извини на нашиот фудбалер.

Во Лацио бев многу глупав и направив грешка што не му давав да игра поради нефудбалски причини. Заедно уживавме осум години, а сега ја имам шансата истото да го правам и во Џенова. Тој е неверојатен и покрај неговите години и ни помага многу во екипата за остварување на нашите амбиции“, изјави Балардини.