Бабунски пред враќање во Европа, познато и во која држава

1900

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски би можело доколку прифати некоја од понудите,  по една година повторно да се врати во Европа.

Бабунски кој оваа сезона настапуваше за Јокохама во Јапонија, моментално е на одмор сооглед на тоа што тамошното првенство заврши.

Одредени информации говорат дека за поранешниот фудбалер од младинските школи на Барселона, интерес има од неколку европски клубови, а тука пред се се мисли на екипи од Полска како што е составот на Висла Краков.