Ајде „Команданте!“ – Македонија верува во вас и навива за вас!

1878

Репрезентацијата на Македонија денеска ја стартува својата ракометна одисеја на ЕП во Хрватска, а противник во првото коло ни е Словенија и стариот познаник Вујовиќ.

Селекторот на Словенија на последните неколку пресови истакна дека Македонија е незгодна репрезентација со која треба да пристапат со голема почит, но без страв.

Вујовиќ исто така изјави дека Македонија многу верува во Раул Гонзалез на ова ЕП, што е точно, очекувањата се големи, а првична цел е пласман во следната фаза, со една победа во групната фаза.

Гонзалез го докажа своето реноме и квалитет на клупски план, а треба да го потврди и со оваа квалитетна репрезентација која што ја имаме.

Денеска од 19:15 е првиот тест за момците на Раул Гонзалез.

Несомнено дека Словенија е еден од фаворитите на ова ЕП, но пред Македонија паѓале во минатото големи репрезентации, па зошто денеска да не ги освоиме срцата на ракометната публика…