Аргентина на поплавен терен го игра клучниот меч за плaсман на СП (ФОто)

851

Аргентина е селекцијата која е во центарот на вниманието денеска, бидејќи го игра одлучувачкиот дуел за плаcман на Мундијалот во Русија догодина.

Квалификациите во Јужна Америка никогаш не биле волку неизвесни и напнати, освен Бразил кој е сигурен на првата позиција, дури пет селекции вечерва ќе треба да го осигураат пласманот на завршниот турнир.

Лионел Меси е играчот кој ќе влезе во историјата на фудбалот, но за да биде најдобар му недостасуваат успеси со репрезентацијата, па се чини дека токму сега ја има последната шанса.

За жал таленитираниот Аргентинец и неговите колеги од националниот тим вечерва нема сигурно да ги спаси ниту победа, бидејќи зависат од резултатите на останатите мечеви.

Инаку Аргентина игра на гости кај Еквадор, а од фотографиите кои пристигнуваат во пресрет на вечершаниот натпревар се гледа дека теренот е во монгу лоша состојба.