Антологиско промашување: Мурињо не знае кој го водеше неговиот противник

1634

Жозе Мурињо направи огромно промашување на прес-конференцијата по денешниот натпревар против ВБА.

Промашувањето се однесува на името на менаџерот на противничкиот тим. Мурињо веројатно уште мисли дека на клупата на ВБА седи Тони Пјулис иако тоа тој доби отказ уште минатиот месец.

“Мислам дека заслуживме да победиме бидејќи бевме подобар тим. Но, од друга страна знаевме дека ќе биде тешко бидејќи ВБА знае одлично да игра на прекини. Тони е експерт по тоа прашање”, изјави, меѓу другото, Мурињо.

Менаџер на ВБА во моментов е Алан Пардју кој нема големи симпатии кон Португалецот и неколку пати во минатото влезе во конфликт со него.