Антиќ одличен, но нов шок за Црвена Звезда во АБА лигата

448

Актуелниот шампион на АБА лигата, екипата на Црвена Звезда го доживеја и третиот сезонски пораз во регионалната лига, по вторпат од Будуќност, но сега во Подгорица со резултат од 92-86.

Црногорскиот шампион предводен од нашиот поранешен селектор Александар Џикиќ по вторпат сезонава му ја зема мерката на срспкиот шампион отако по голема борба и шутерско шоу го совлада.

Нашиот интернационалец Антиќ беше меѓу најдобрите во редовитен на Црвена Звезда, завршувајќи го мечот како втор стрелец во својата екипа со 14 поени (4/7 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања) на кои придодаде и 6 скока што го прави најдобар скокач.