Антиќ: Ако Пеце си замине од чело на МКФ, се враќам во дресот на Македонија

566

Перо Антиќ, поранешниот македонски репрезентативец и некогаше капитен на „црвено-жолтите“ повторно ја спомна Македонија во најновото интервју дадено за српските медиуми.

„Ќе почекам да видам што ќе случи со промените во МКФ. Додека е сегашното раководство не  размислувам пак да играм за Македонија. Иако се работи за играње за мојата држава, овие луѓе само прават проблеми и лечат свои комплекси. Ја расипаа хемијата која ја красеше македонската репрезентација, така да сега ситуацијата е статус-кво“, изјави Антиќ.

За потсетување, исто така во интервју за српски медиуми, пред неколку дена Антиќ истакна дека токму Македонија и успехот на ЕП во Литванија му ја променила кариерата.