Англиска доминација во Лигата на шампионите: Три натпревари – 11 гола

904

Речиси десет години англиските клубови не се доминантна сила во Лигата на шампионите.

Иако во 2012 година триумфираше Челси, дури пред крајот на минатата деценија Премиер лигата можеше да се пофали дека е главна во елитното натпреварување. Во 2009 година имаше три екипи во полуфиналето без разлика што титулата ја освои Барселона.

Изгледа дека огромните вложувања полека се враќаат, па Англија е на пат да ја врати славата. Тоа е јасно по првите четири осминафинални натпревари во кои настапија три англиски екипи.

Ниедна не прртрпе пораз, две победија, а вкупната гол-разлика изнесува 11:2. Манчестер Сити и Ливерпул се веќе четврфиналисти. Тотенхем има огромна шанса против Јувентус, а своите прв дуели ги очекуваат Манчестер Јунајтед и Челси.

Ако поминат сите пет, тоа ќе биде прв случај една земја да има толку претставници во четвртфиналето од Лигата на шампионите.