Америка слави: Цел живот чекаа да го видат разочараниот Том Брејди

1731

Иако Том Брејди го одигра можеби најдобриот натпревар за еден квотербек во историјата на Супербоулот, неговите Патриоти загубија со 33:41 од Филаделфија Иглс.

Најдобриот играч на светот, петкратниот освојувач на Супербоулот, фрли 505 јарди и три тачдауна без ниту еден „interception“, односно пресекување, но пред крајот на натпреварот му падна топката, а тоа го одлучи натпреварот. Голем број НФЛ навивачи едвај го дочекаа тоа, па веднаш започна насладувањето на социјалните мрежи.

„Тажниот Том Брејди е мојот најдраг Том Брејди“, „Цел живот чекам да го видам тажниот Брејди, никогаш нема да ја заборавам оваа слика“, „Така уживам во разочараниот Брејди“, пишуваат навивачите на Твитер.

На улиците на Филаделфија навивачите скандираа „Е*и се Том Брејди“.