Алимпијевиќ: Антиќ е на агресивна терапија!

723

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ поради повреда нема да биде дел од тимот на Црвена Звезда и на следниот меч од Евролигата, на гостувањето кај Басконија.

Тренерот на српскиот шампион, Душан Алимпијевиќ се огласи околу ситуацијата со Антиќ и објасни до каде оди неговиот процес за рехабилитација по повредата.

“Мислевме дека Перо пред дербито ќе биде нешто подобар, одработи два тренинга бидејќи сакавме да видиме дали може со болката која што ја чувствува да го изнесе дуелот со Партизан. Меѓутоа, заедно констатиравме дека нема потреба да го жртвуваме за тој меч и се одлучивме за нешто поагресивен вид на терапија кој бара седум дена строго мирување. Мислам дека Антиќ за седум до десет дена ќе биде во службениот тим“, изјави Алимпијевиќ.