Агентот на Меси тврди: Реал Мадрид ни понуди 250 милиони евра!

920

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси на крајот на минатата година се реши да го продолжи договорот со клубот според кој на „Камп Ноу“ ќе остане најмалку до 2021 година.

Преговорите помеѓу Аргентинецот и Каталонците траеја со месеци, но на крај вродија со плод, а Меси во договорот доби клаузула од 700 милиони евра.

Познато е дека претходно Манчестер Сити беше загреан да го купи Меси, но шпанските медиум тврдат дека во 2013 година дури и Реал Мадрид се обидел да го купи.

Имно „кралевите“ пред да го купат Герет Бејл, пробале да го доведат Меси. Адвокатот на фамилијата на Меси, Иниго Јуарез откри дека клубот од Мадрид бил подготвен да ја плати откупната клаузула која пред пет години беше 250 милиони евра.

Сепак Меси ја одбил оваа можнос да и забие нож во грб на Барселона, па му порачал на Перез дека нема потреба повторно да испраќа понуди до негова адреса. По ова Реал Мадрид за 100 милиона го купи Бејл од Тотенхем