Volvo веќе нема да развива дизел мотори

270

Алтернативата на „дизелашите“  ќе бидат целосно електричниот погон, или, пак, хибридниот склоп на двигатели

Сѐ поголемите трошоци на намалување на емисијата на штетни издувни гасови, ги принудило челниците на Volvo потполно да ја променат својата стратегија за развој.

Таа промена вклучува престанок на развој на дизел моторите од следната генерација.

Производителот на автомобили од Шведска сепак ќе продолжи да развива дизел агрегати, но оваа фаза би требало да заврши веќе во 2023 година.

Алтернативата се целосно електричните и хибридните plug-in погонски склопови, a од Volvo потврдија дека нивното прво, целосно електрично визило ќе се појави веќе во 2019 година.

„Tesla покажа дека е возможно да се конструира електрично возило за коe луѓето ќе стојат во редици на чекање. Веројатно тука има место и за нас“ изјави првиот човек на Компанијата Хакан Самуелсон (Hakan Samuelsson).

Во Volvo сепак, во моментов, се уште добро живеат од дизел моторите, па така дури  90 проценти од потенцијалните купувачи на моделот Volvo XC90 избрале дизел агрегати.