TOYOTA YARIS 1,5 VVT IЕ111 KS TERA: ПОТВРДЕНА ДОВЕРБА И ОБНОВА НА ИМИЏОТ

413

МАЛИОТ ГРАДСКИ ОСВОЈУВАЧ НАСТАПУВА САМОУВЕРЕНО СО ДОТЕРАН ИЗГЛЕД ВО STYLING НА АКТУЕЛНИОТ ДИЗАЈНЕРСКИ ЈАЗИК НА БРЕНДОТ , А БРОЈНИТЕ НАПРЕДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ И БЕЗБЕДНОСТ, ПЛУС ПОЗНАТАТА ДОВЕРЛИВОСТ, СЕ АДУТИТЕ ВО СЕГМЕНТОТ КОЈ Е СЕ ПОГОЛЕМ И КАДЕ КЛИЕНТИТЕ СЕ СЕ’ ПО ИЗБИРЛИВИ

Актуелната генерација на урбаниот „Јапонец“ на пазарот е веќе неколку години, а бидејќи ја следи филозофијата на производителот за постојано унапредување и подобрување неодамна доби уште едно затегнување на брчките со над 500 зафати.

Напред има нови светлосни групи и нов отвор за воздух, потоа поисправена линија на острата маска, кои сега заедно даваат подинамичен и поевропски изгледа страничните линии се истино затоа  задниот дел добива нови (и поголеми) задни светла и редизајниран браник.

Визуелните измени не се големи, но доволни да го освежат Yaris и да нагласат дека сепак се работи за face lifting , со грст новитети и подобрувања, за да ја задржи актуелноста.

Внатре ја добиваме типичната Toyota појава, но овој пат се гледа дека многу внимание е посветено на давање нота на благородност во ентериерот, па многу од цврстите пластики се заменети со поквалитетни и помеки материјали, а се уверивме дека Toyota, посветила внимание и на звучната изолација.

Инаку – го добивате токму она што го очекувате – висока и прегледна седечка позиција, доволно  простор во кабината, како за тие напредт така и позади има доволно место, па Yaris може да игра улогата и на семејно возило, особено со моторизацијата што ние ја возевем.

Автомобилот и натаму е меѓу нај просторните автомобили во класата – па освен солиден простор во кабината, нуди и солиден волумен во багажникот со капацитет од 285 литри во основа.

Седите малку повисоко од вообичаеното за овој вид автомобил, а тоа воопшто не е лошо, единствено повисоките возачи малку потешко ќе ја најдат адекватната позиција, но со опции на длабинско и по висина регулирање на воланот тоа се компензира.

Како и да е дизајнот на кабината не фасцинира (не е Lexus), но добивате серво управувач и рачка од менувачот обложени со кожаклима уред, електрика на предните прозорци, загревање на страничните ретровизори, Follow Me Home функција на светлата, радио со Bluetooth поврзување со мобилен телефон, USB поврзување и команди на управувачот, сет воздушни перничиња и завеси, многу безбедносни системи, односно се што му е потребно на автомобил од оваа класа.

Како и во другите работи  Yaris е пионер во класата кој нуди хибриден погон(всушност единствен), но еден од интересните новитети кои доаѓаат со „ботоксот“  и естетските затегнувања е и новиот 1.5-литарски атмосферски бензинец кој доаѓа на место на познатиот 1.33-литарски исто така атмосферски бензинец.

Новиот мотор нуди 111 КЅ при 6000 вртежи во минута и (сосем задоволителни) 136Nm вртежен момент при 4400, доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за 11секунди и топ брзина од 175km/h.

Подобри перформанси во однос на моторот што го менува, а при тоа и помалку троши – во просек 4.2l/100km наведува производителот, реално околу 6,0 l/100 km.

Малиот Јапонец е комфорен и пријатен за возењесупер – лесниот серво управувач и прецизниот менувач, со шест степени на пренос на силата убаво содејствуваат и го прават возењето лесно, а големите стаклени површинизначат лесно маневрирање низ градскиот метеж.

Но, од него не смеете да очекувате спортски перформанси бидејќи тоа и не е неговата суштина.

Најдобро се снаоѓа во урбаниот сообраќаен метеж, каде комфорот и рафинираноста доаѓаат до израз, а на отворен пат за нијанса е прегласен,особено кога ќе надминете брзини од 130 -140 km/h – но во законските ограничувања до 120km/h во кабината е пријатно тивко.

Помоќниот мотор ви дава доволно сила да претекнувате без задршка, а во свиоците и покрај повишената става останува стабилен, секако, ако не претерувате и не ги проверувате законите на физиката.

Како и да е доволно комфорен и за возење и до подалечни дестинации и то кога внатре седат четири возрасни патници и имате полн багажник со торби, при што влече без мака и со вклучена клима, вака товарен со леснотија ја искачи Стража.

Впечаток е дек челниците на Toyota тежнеат Yaris да го задржат во врвот на класата, а со континуираното подобрување и освежување, со гаранцијата од шест години и 200.000 km – успеваат.

Во прилог на тоа оди и ценовната политика што ја спроведува и Toyota Авто Центар, Скопје, домашниот увозник на програмата на Јапонците, бидејќи Yaris  со 1.0-литарски VVT-i  мотор и ниво на опрема Terra може да го добиете за 9900евра!