Seat бара помош за името

340

Придружете са на „забавата“ и дајте му име на близнакот на Kodiaq што ќе пристигнува под значката на производителот на автомобили од Шпанија.

Во Volkswagen одлучија да и дадат можност на пошироката јавност да учествува во изборот на името на новиот модел што треба да излезе од Seat .

Станува збор за SUV изведба со седум седишта.

Сите заинтересирани своите предлози може да ги објават на интернет користејќи ознаката „ #SEATseekingName“, a екипа од Компанијата откако ќе ги собере сите предлози објавени преку социјалните мрежи ќе ги избере најдобрите од нив. Но, постојат и неколку барања.

Првиот е дека името треба да биде поврзано со Шпанија  (како што се и имињата на моделите Ibizа и Ateca, кои се градови во оваа држава), a вториот  e да мора да биде лесен за изговарање за луѓето ширум светот.