Porsche Driving Experience –трет пат во Скопје со многу забава и возбудувања

236

Деновиве во Скопје имаше „фиеста“ за сите вистински вљубеници во октанските возбудувња со турнејата Porsche Driving Experience, што по трет пат ни гостува и за прв пат ни понуди нови и интересни проверки и забава зад воланот на моделите од ергелето во Цуфенхаузен!

Сцената за атрактивните актери на четири тркала од Цуфенхаузен беше поставена на полигонот на Авто – сообраќајниот Училишен Центар Боро Петрушевски, Скопје.

Годинешниот Porsche Driving Experience настан во Македонија днесе неколку освежувања, во споредба со претходните два.

Поканетите гости, потенцијални клиенти, поклоници на марката и претставници на медиумите неколку дена во моделите: Porsche Panamera Turbo, нова генерација, легендарниот “elfer“ – 911 Turbo S, предизвикувачката 911 Carrera GTS, атрактивниот SUV- Macan Turbo Performance и заводливиот 718 Boxster S имаа забава каква што само можеа да посакаат.

Сите можеа да си ги тестираат своите возачки вештини и да ја почувствуваат возбудата и напливот на адреналин, но и новата технологија со асистенции во возењето на Porsche.

Слалом помеѓу пилоните!

Импровизираната слалом-патека не увери во врвната управливост и динамичност на моделите на Porsche овој пат на моделот 718 Boxster S, со 2.5-литарски турбо-боксер мотор со 350КЅ.

Забавата во минување низ свиоци (пилони) навистина треба да се почувствува, а благодарение на перформансите на 718 Boxster S ( „спринт“ до 100 km/h за 4.2 секунди) ни понуди вистинско доживување, кратко –18 секунди, но навистина слатко!

Porsche 911 turbo S Launch Control

Втората задача ( подобро кажано забава) е експлозивното забрзување на Porsche 911 Turbo S со Launch Control систем.

Моќното ергеле од 580 расни тркачки „грла“ ви нудат лансирање од место до 100 km/h за 2.9 секунди!

Држење на педалот на сопирачката, сетиран мод на возење Sport + и лепење на педалот за гас до подот, проследено соскокоткање во стомакот, возбуда и среќна насмевка по фантастични само три секунди кога сте принудени да кочите, во спротивно ќе завршите во малиот рид крај патеката!

Возење со 40km/h без темпомат и гледање во брзинометарот

Новата генерација на адмиралскиот брод во флотата на Porsche, моделот Panamera Turbo беше прекрасно наставно помагало за да видиме колку сме прецизни во одредување на брзината со која возиме, со прекрине покажувач на брзината пред вас.

Задача да се извози одредена делница со брзина од 40 Km/h, не е едноставно но искуството ни помогна успешно да го апсолвираме овој тест, а Panamera не освои со комфорот и спортското возење!

Врвна комбинација на удобност на лимузина, перформанси и возни својста на спортски автомобил и благороден луксуз.

Рикверц со поглед преку рамо!

Вежба на перцепција реакциј и ориентација! Слалом со возење наназад без гледање во ретровизор или камера, само со малку повисоко седење и поглед преку десното рамо.

А издигнатиот заден дел на Porsche 911 Carrera GTS ви ја отежнува задачата!.

Слалом меѓу пилоните, и возење со полн гас, како во филмовите кога акциониот јунак со стреловита брзина се пробива возејќи во рикверц и вешто ги избегнува пречките!

И мора да признаеме интересно и ни малку лесно, брзината ќе ја постигнето, но и ќе соберете по некој пилон, во случајов три.

Не е лошо, особено кога удирате во меки пилони и нема жртви и штета.

Паркирање само со користење на камерa!

Паркирајте го Porsche Macan, паралелно, и влегувајќи во одбележан простор во рикверц, без гледање во ретровизори и преку рамо, туку користејќи ја само задната камера и паркинг сензорите!

Верувајте не е воопшто лесно и бара одлично снаоѓање во простори.

Забавно во секој случај и практична обука за користење на современите системи за помош во возењето на Porsche.

Убава круна на денот и на прекрасното, забавно, возбудливо и поинакво од вообичаеното, дружење со понудата  на Porsche.

Благодарност и на Porsche Македонија, увозникот на возилата на: VW, Audi, Porsche, Seat, Skoda и VW комерцијални возила за Македонија, за забаватa со прекрасните модели на Porsche.