PlusPharma спонзор на првиот Интернационален Кугларски Турнир – 8ми септември

167

Во организација на кугларскиот клуб Вардар, а  поддржано од фармацевтскиот бренд PlusPharma изминатиов викенд се одржа првиот “Интернационален Кугларски турнир – 8ми Септември” во спортскиот центар Борис Трајковски.

Љубителите на куглањето уживаа во натпреварувањето проследено со многу пресврти, на кое свое учество земаа најдобрите спортисти од регионот. Првиот Интернационален кугларски турнир во организација на К.К Вардар понуди многу возбудливи моменти кој беа проследени со воодушевувања од страна на публиката.

По цели шест часа на крајот со 3656 поени екипно Кугларскиот клуб Белград го зазема првото место, а Барањ Чонгор беше најдобар поединец на турнирот со освоени 642
поени.

Фармацевтскиот бренд PlusPharma со ова спонзорство ја докажува својата заложба за здрави спортски навики кои придонесуваат и директно влијаат на здравјето на секој поединец. Врвната грижа за здравјето на своите клиенти и промовирањето на здравите навики се приоритет за Plus Pharma Apteki.

Конечниот распоред на екипите по завршувањето на турнирот изгледа вака:

КОНЕЧЕН РАСПОРЕД
1 KK BEOGRAD 3656
2 KK MEDVESCAK 3490
3 KK KALCIT 3475
4 KK VARDAR 3474
5 KK REVITA 3453

 

Галерија: