#PepsiMomentstoRemember- УЕФА Суперкуп Скопје 2017

508

Пепси ви го најавува еден од најголемите настани во македонската историја: УЕФА Суперкуп Скопје 2017 што ќе се одржи во Скопје, на 8 август. Како официјален партнер, а заедно со Прилепска пиварница, ексклузивен полнач и дистрибутер, Пепси ја доближува македонската публика до овој извонреден настан што ги надминува и границите на светот на фудбалот – настан што претставува вистинско славење на страста, радоста и на локалниот македонски дух.

Пепси ги поддржува „живеењето на моментот“, возбудата на сегашноста и се стреми да инспирира и да отвора нови можности за сите креативни и слободни луѓе.

Поради тоа Пепси ги кани сите македонски фанови на славење преку цело лето, со многубројни изненадувања што ќе кулминираат со спектакуларниот #PepsiMomentstoRemember на 7 и 8 август на плоштадот Македонија и околу арената „Филип Втори“.

УЕФА Суперкуп Скопје 2017 е настан што не смее да се пропушти, така што Пепси ќе отпочне наградна игра, во која ќе подарува влезници секој ден! Пепси ќе им даде шанса да бидат дел од овој уникатен настан на оние што ќе ги испратат наградните кодови преку СМС или онлајн на pepsi.com.mk.

Погрижете се да ја следите Пепси Македонија на Фејсбук и Инстаграм, со цел да не пропуштите ништо!

И не заборавајте, со Пепси можете да им се приклучите на десетици илјади македонски фанови во доживувањето на #PepsiMomentstoRemember на УЕФА Суперкуп 2017 во Скопје!