OФИЦИЈАЛНО: Педро Мартинез ќе ја води Басконија

77

Екипата од Басконија го официјализираше доскорашниот стратег на Валенсија, Педро Мартинез за свој тренен, откако неговиот претходник Пабло Приџони заработи отказ.

Мартинез тренерската кариера ја започна во 1990 на клупата на Хувентуд, а ги водеше екипите и на Манреса, Саламанка,Гранада, Тенерифе, Гран Канарија,Естудијантес , Џирона и Валенсија. Најголемиот успех во кариерата го постигна минатата сезона кога го освои шпанскиот шампионат со Валенција победувајќи го Реал Мадрид во финалните серии, но набргу потоа го напушти клубот.

Басконија на стартот од новата сезона оствари само две пбоеди и тоа двете во АЦБ друштвото, додека во Евролигата има три порази од истотолку натпревари.