JAGUAR LAND ROVER ABOVE & BEYOND ТOUR- АВАНТУРА СО БЛАГОРОДНИТЕ БРИТАНЦИ

260
НА ЕДНО МЕСТО РЕЧИСИ ЦЕЛАТА ГАМА НА JAGUAR LAND ROVER, ДОСТАПНА ЗА КУСО ТЕСТ ВОЗЕЊЕ, Е ТОА Е ДОЖИВУВАЊЕ ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОПУШТИ И АВТО -КЛУБ СО РАДОСТ ЈА ИСКОРИСТИ ЗА УЖИВАЊЕ ВО ДРУЖЕЊЕ ОД СКОПЈЕ ДО МАВРОВО И НАЗАД

Експанзијата со нови атрактивни и благородни модели Jaguar Land Rover Групата во последните неколку години ги врати на позициите што им припаѓаат на двете премиум марки.

Аутомобили Гроуп, од Скопје застапник на моделите од двете марки во нашата земја, заедно со принципалот Jaguar Land Rover ја донесе Above & Beyond тест- драјв турата во Македонија. Специјализираните новинари имаа прекрасен ден за уживање во возењето на премиум моделите, навистина на кусо време, но сепак од прва рака да се запознаат со благородната гама автомобили.

Jaguar и Land Rover имаат клиентела која емотивно и со срце се поврзува со автомобилот и која се идентификува со имиџот и стилот кој го преставуваат: неограничена слобода во освојување на дивинатајуришање на брзински рекорди и возни својства, а сето тоа со поткрепено со  напластен слој на аристократски и благороден дух.

Вистинските можности и крајните лимити на Land Rover, на импровизирани пречки, како симулација на вистинските предизвици на off-road беспаќата ни ги покажаа инструкторите на Land Rover.

Ние од совозачкото седиште можевме да го почувствуваме адреналинот и да ги видиме ефектите од бројната електроника и технологија што нај несовладливите пречки ги прават едноставни за совладување.Од друга страна Jaguar, ги откри своите квалитети на различни патишта: автопат, регионален пат, планински превои, градско возење: каде ја покажа сета елеганција и агилност на дивата британска мачка.

Повеќе часовното дружење  со Above & Beyond турата помина многу бргу иако седнавме зад управувачот на цела дузина атрактиивни претставници на двата бренда. Така, го возевме  сосема новиот RANGE ROVER VELAR – најпрефинет и најспособен SUV од средна големина, кој премиерно и официјално беше претставен пред македонската публика.

Ја почувствувавме заводливата моќ на RANGE ROVER EVOQUE CONVERTIBLE– првиот премиум компактен convertible SUV во светот, синоним за стил и современ градски живот и стил.

Моќниот и стамен DISCOVERY во своето најново издание покажа зошто ја носи титулата нај сестран  SUV и ве освојува со револуционерен дизајн, генијална разновидност и ненадмината способност на Land Rover поткрепени со врвна технологија.

Компактниот SUV – DISCOVERY SPORT има авантуристички дух но флексибилна внатрешност, со сите неопходни елементи за конекција, кој секогаш ги надминува вашите очекувања.

Понудата на Jaguar се состоеше од Jaguar XE– нај напредниот, нај ефикасниот и нај рафинираниот спортски седан што Jaguar досега го пласирал на пробирливиот пазар.

Префинетоста на Jaguar XF, со беспрекорни перформанси и апсолутно задоволство во возењето, со стил и елеганција доловена од секој агол, се надоградува успехот на најнаградуваниот автомобил на Jaguar досега.

И во SUV сегментот со Jaguar F-Pace, нај практичниот спортски автомобил на Jaguar, носител на признанијата „Светски автомобил“ и „Светски автомобилски дизајн“ за 2017 година, благородната марка отвори ново големо поглавје во своето портфолијо.

Со моќните перформанси Jaguar F-Type 400 sport со рецентен и брутален звук и екстремно диначичново возењето ги освојува сите кои уживаат во брзините, но и кој ја цената елеганцијата.

Времето поминато во дружење со овие прекрасни моќни креации помина в миг, но се надеваме, дека барем со некој претставници на оваа благородна елита на тркала, Аутомобили Груп ќе ни овозможи подолго дружење.