Тенис: Ѓорческа за три погоре, Ивановски за четири места подолу

Лина Ѓорческа, најдобрата тенисерка на Македонија, се искачи за три места на најновата ВТА ранг листа и сега е на 239 место со 312 поени. Овој скок на Ѓорческа се должи на добриот настап на турнирот во Анталија, Турција.

Неделава Ѓорческа ја очекува уште еден ИТФ фјучрс турнир, исто така во Анталија. Со уште еден добар настап таа ќе освои нови поени што ќе значи и напредок на листата.

Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.211-то место, што е подобрување за пет места. Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 373.то место, за една позиција подобро од минатата недела.

Кај мажите најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има пад од четири позиции на АТП ранг листата, на 345-то место

Падот на Ивановски на листата е поради тоа што тој нема настапувано годинава поради повредата на мускулот. Но, последните информации се дека тој е повторно во тренажен процес и оти се очекува наскоро да почне да настапува на турнирите.

Горазд Србљак е на 1.069-та , а Обрад Марковски на 1.609-та позиција. Во конкуренција на двојки Ивановски останува на истата, 679-та  позиција. Берг Бугариќ е на 1.353-ти, а Обрад Марковски 1.864-ти (скок за две места). Елдин Хусеиновиќ е 2.134-ти, што е пад за шест позиции.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО