GM заминува од Индија и Јужна Африка

192

Во тие две држави Џенерал Моторс, во текот на минатата 2016 та година продал  само 49.000 автомобили

И GM (ЏМ) почна со реструктуирање на своето работење, односно со кратење на трошоците.

Тој план на Џенерал Моторс (General Motors) меѓу другото вклучува и запирање на продажбата на автомобили во Индија и во Јужна Африка.

Од Компанијата велат дека мораат да се фокусираат пред се на пазарите што за нив се  профитабилни , какви што се тие во Америка и секако тој во Кина.

Имено  GM во текот на минатата 2016 година продал само 49.000 автомобили и тоа вкупно на пазарите во Индија и во Јужна Африка, што за овој автомобилски гигант од САД  е поразително.

Потсетуваме, само пред две години, овој кармејкер од САД најави инвестиција од милијарда американски долари  во low-cost автомобили во Индија, но сега овој план заврши во кош!

Со заминувањето од двата погоре наведени пазари во GM, велат дека на годишно ниво ќе заштедат 100 милиони долари.