General Tire лансираше три нови видови зимски пневматици за сите терени, за патничко и теренско возење.

242

Пневматиците овозможуваат силна потпора и стабилни перформанси дури и при тешки коловозни услови. 

Основана во 1915 година, со седиште во Fort Mill, Јужна Каролина, General Tire може гордо да погледне назад на нејзиното богато минато кое опфаќа повеќе од еден век. Уште од раните денови, брендот прави гуми за сите видови на моторни возила. Компанијата беше купена од страна на Континентал во 1987. Денес, работејќи низ целиот свет, General Tire произведува гуми за автомобили, камиони и индустриски апликации, како и специјализирани гуми за 4×4 возила.

Нови пневматици SNOW GRABBER PLUS

Snow Grabber Plus ги  заменуваат веќе докажаните пневматици Snow Grabber. Ова е пневматик кој овозможува цврстина и одлични зимски перформанси, карактеристични за SUV/4×4 возилата , а притоа го задржува високото ниво на комфорт типично за патничките возила. Snow Grabber Plus има поголема километража од веќе докажаните Snow благодарение на користење на нови технологии развиени од експерти. Една од новите технологии е и TracGen технологијата која се карактеризира со отворени шари на рамењата за самочистење и ефикасно одстранување на кал, снег и мраз, со што се добива зголемена тракција на патишта покриени со снег и кал. Пневматиците правени по TracGen имаат засеци за снег што овозможува дополнителни контактни површини по длабок снег и зголемена тракција на снежни патишта, особено во кривини. Назабените странични ѕидови на шарата овозможуваат поголем број на остри рабови кои помагаат за задржување на перформансите кога гумите ќе се потрошат а тоа значи дека се задржува нивото на перформансите во текот на целиот животен век на пневматикот. Уште една мошне важна карактеристика на неверојатната TracGen технологија во полето на безбедноста се назабените странични ѕидови со што се овозможува вкрстување на ѕидовите со цел да се добијат цврсти блокови кои помагаат при вртење и со тоа , зголемена стабилност при нагло вртење во екстремни услови при снег и мраз

Експертите во  General Tire напорно работат на нови технологии за подобрување на своите пневматици па со таа цел тие ја создадоа и DuraGen технологијата која се карактеризира со потпори на страничните блокови – систем кој низ историјата се користи за засилување на одбранбените ѕидови на тврдините. Засилените странични зидови овозможуваат поголема стабилност и ја намалуваат можноста за оштетување. DuraGen технологијата опфаќа самозаклучувачки зимски ламели што го намалува ризикот од деформација на блоковите и ја подобрува стабилноста во услови на претовареност на возилото. Истотака препознатлива карактеристика на DuraGen технологијата се и ултра јаките челични појаси кои нудат исклучителна отпорност при механички оштетувања и рамномерен притисок на нагазниот слој. Со ова се добива рамномерно абење на пневматикот и зголемена безбедност.

Трета е HighMileage технологијата. Ова технологија нуди оптимална цврстина на нагазниот слој, овозможува еднаков притисок на цела површина со цел рамномерно трошење на шарата и го зголемува животниот век на пневматиците. Преку оваа технологија е зголемена километражата на пневматиците благодарение на оптимираниот дизајн на шарата, што е и воедно најголемата разлика помеѓу Snow Grabber и Snow Grabber Plus пневматиците.

Страните на овие пневматици се одликуваат со макро-блокови на страничниот зид кои овозможуваат дополнителна тракција во длабок снег,  две кружни вдлабнатини кои служат како дополнителни канали за чистење на длабок снег и заштита на бандажот од тротоари и камења. Snow Grabber Plus пневматиците доаѓаат во големини од 15 до 20 инчи.

Нови пневматици ALTIMAX WINTER 3 – Вашиот совршен партнер за зимскиот период

Овие пневматици се карактеризираат со зголемена густина на ламелите што значи и зголемена тракција на блоковите и зголемена тракција на снег. Повеќеаголните блокови го зголемуваат бројот на контактни површини во сите насоки со што значително се подобрува управливоста на патишта покриени со снег. Широките странични блокови ја зголемуваат цврстина на блокот со што се доаѓа до подобар пренос на сила и подобра управливост. ALTIMAX WINTER 3 доаѓаат во големини од 13 до 18 инчи.

Нови пневматици за товарни возила EUROVAN WINTER 2 за силни и ладни зими.

Нудат стабилна тракција поради новата зимска компонента. Доколку законот дозволува,има можност за шилци. Eurovan Winter 2 пневматиците поседуваат исклучителна тракција и управливост на снег. Се карактеризираат со одлично сопирање на влажни патишта и отпорност на аквапланинг. Во одност на безбедноста, со нив одлично се држи правец и управливоста во кривини е на високо ниво. Со овие пневматици возењето на снег е лесно бидејќи тие содржат голем број на ламели и повеќе-аголни блокови кои создаваат ефект на гребалка за снег и “џебови за снег ” до централниот канал за поефикасно отстранување на снегот од нагазната површина. Возењето по влажен коловоз исто така не е проблем бидејќи овие пневматици се опремени со широки канали кои овозможуваат ефикасно отстранување на водата.

Eurovan Winter 2 пневматиците доаѓаат во големини од 14 до 16 инчи.

Сите овие пневматици и многу повеќе може да ги најдете во сервисно – продажните салони на МОТОЦЕНТАР.