Ford во Европа га запира производството на електричниот Focus

345

Во 2016 та година се продадени само 61 примерок на електричниот компакт на Ford, односно за девет помалку одошто во претходната 2015 година.

Дека електричните автомобили се иднина на патната мобилност не постои сомневање, но за Ford таа, по се изгледа, иднина се уште не стасала!.

Односно иднината се уште не им е блиска на купувачите на автомобилите на Ford.
Имено, во текот на минатата 2016 година Ford продал само 61 примерок од својот електричен Focus, што е за девет помалку одошто претходната 2015-та.

Минатата година од Ford се обидоа да ја подобрат продажбата со вградување на помоќна батерија, но и зголемената автономија со едно полнење на батериите од 160 km нa 225 km не ги импресионира потенцијалните купувачи, особено ако се знае дека ценета на електричниот компакт од Ford изнесува речиси 35.000 европски банкноти.

Поради тоа Ford го гаси производството на електричниот Focus во Европа, која што траеше само четири години. Автомобилот ќе може да се нарача од Америка.