18 C
Skopje
Monday, June 26, 2017
РАКОМЕТ / МАКЕДОНИЈА

РАКОМЕТ / МАКЕДОНИЈА

ЖРК Вардар има екстра голман: Лејно одбрани, па погоди од гол на гол (ВИДЕО)

Француската репрезентативка и член на ЖРК Вардар, Амандин Лејно го има потегот на денот на стартот од Европското првенство во Шведска во изборот на ЕХФ. Франција лесно ја победи Полска со 31-22, но Лејно пред крајот на првото полувреме направи...

Ќе има женска регионална лига: ЖРК Вардар и уште три клуба тргнуваат во јануари

ЖРК Вардар, Будуќност, Подравка и Крим се договорија оваа сезона да се одржи регионалната ВХРЛ лига. Изданието ќе биде скратени и ќе се игра турнирски систем со тоа што ќе се одржат четири турнири. Првиот од нив е на програмата...

Металург има бомбардер: Еден од головите на Талески, во топ-5 на колото во ЛШ

Младиот македонски репрезентативец Филип Талески повторно се најде меѓу најдобрите во Лигата на шампионите. Иако не блескаше против Ла Риоха и постигна само три гола, еден од нив се најде меѓу најдобрите пет во деветтото коло од елитното ракометно натпреварување....

Утеха за лошиот викенд: Лазаров и Милиќ во тимот на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Вардар и Металург загубија викендов од Кјелце и Ла Риоха, но македонскиот ракомет, сепак, има причини за задоволство. Во традиционалниот избор на најдобрите, место во идеалната постава најдоа македонскиот репрезентативец Кире Лазаров и голманот на Вардар, Страхиња Милиќ. Лазаров го...

„Отпишаните“ се вратија: Македонските ракометарки со голема победа на Исланд до баражот за ЕП!

Иако одамна беа отпишани и потценети и од домашната ракометна јавност, сепак, македонските ракометарки направија неверојатен подвиг во квалификацискиот турнир за Европското првенство. Женската ракометна репрезентација на Македонија го одигра можеби најдобриот натпревар во поновата историја и го победи квалитетниот...

Вардар надигран во Полска: Кјелце победник во дербито од ЛШ

Македонскиот ракометен гигант Вардар загуби на гостувањето во Полска кај Кјелце со 27:24 во рамките на 9. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Во последното коло пред зимската пауза во елитното европско натпреварување, Вардар дојде до втор пораз...

Металург издржа 40 минути: „Фуријата“ Ла Риоха пресилна за македонскиот вицешампион

Металург ги загуби шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, откако тимот предводен од Лино Червар вечерва загуби на гостувањето кај Ла Риоха со 31:25. Со овој пораз, Металург ги загуби и теоретските шанси за освојување на...

Баражот делува како невозможна мисија: Македонија декласирана од Австрија

Во рамките на квалификацискиот турнир за настап во бараж натпреварите за Светското првенство во Германија, репрезентацијата на Македонија го доживеа првиот пораз во вториот натпревар. Составот на Симовски беше поразен од репрезентацијата на Австрија со 28:19 во Торшавн, Фарските...

Успешно санирана повредата на Филип Кузмановски (Фото)

Заврши оперативниот зафат врз повредената дланка на Филип Кузмановски. Операцијата траела повеќе од 2,5 часа, а истата беше извршена во болницата „Билиќ Визион“ во Загреб. „Операцијата траеше подолго од предвиденото, но успешно се заврши и се чувствувам добро. Вечерва се враќаме...

Кањелес: Една важна работа за евентуална победа и против Кјелце

Најновиот ракометар од Шпанија во редовите на Вардар, очекува пеколен натпревар против Кјелце, и истакна дека доколку сакаат да ги освојат бодовите, им треба лавовска битка, исто како онаа против Рајн Некар. Вардар наиде на веројатно непланирана сопка во ЛШ,...