BJJ OHRID OPEN турнир

275

Ohrid Open BJJ џиу џицу турнирот беше организиран од RUTS Охрид.  На натпреварот учество земаа натпреварувачи од Македонија, Албанија и Црна Гора. Прво место на клупско ниво освои клубот The Strongest Skopje, второ место RUTS од Охрид, а трето место Carlos Maia BЈЈ од Скопје.

Судии на турнирот беа браќата Јокмановиќ од Црна Гора, носители на црни појаси кои поседуваат лиценци за судење, како и македонските  високо почитувани судии Благоја Трајчевски и Стефан Пецевски.

Најатрактивни борби имаа високите виолетови појаси, каде во апсолутна категорија Пецевски освои злато.

На натпреварот се натпреваруваа и детски категории и возрасни високи појаси.

Резултати:

Тhe strongest & Roots- Скопје: 6 злата, 7 сребра и 8 бронзи

Roots Охрид: 3 злата, 8 сребра и 9 бронзи

Carlos Maia BЈЈ- Скопје: 4 злата, 2 сребра и 5  бронзи