Седлоски: Фудбалерите се подготвени на се, сакаме да ја израдуваме публиката

650

Кормиларот на ФК Вардар, Гоце Седлоски, денеска од Струмица, одржа пресконференција во врска со реванш натпреварот против Маме.

Знаете дека после првиот натпревар имаме добар и активен резултат од Малме. Меѓутоа утре не очекува уште еден тежок, можеби уште потежок натпревар од првиот. Противникот сигурно ќе направи сè за да дојде до посакуваниот резултат. Тој натпревар во Малме беше само едно полувреме од овој двомеч, сега следува уште едно во кое што влегуваме максимално подготвени и концентрирани, и моите играчи се подготвени уште еднаш да дадат максимум“.

Сега подобро се познаваме со противникот после мечот во Малме. Верувам дека нашите грешки ќе бидат отстранети и дека ќе одиграме еден добар натпревар, и ќе дадеме се од себе да ја израдуваме оваа публика која ќе дојде во Струмица“.

Без разлика на тоа кој ќе игра, фудбалерите се подтовени да дадат сè од себе и да остварат еден добар резултат кој ќе ги однесе во следната фаза од Лигата на шампионите“, изјави Гоце Седлоски на денешната прес конференција.

Вардар од првиот натпревар од Шведска, носи нерешено 1:1, и со евентуални 0:0 во Струмица, во следната фаза ќе се пласираат „црвено-црните“.