Вардар утре го пречекува Малме во реваншот од квалификациите за ЛШ

513

Фудбалерите на Вардар утре ќе имаат шанса да ја минат првата пречка сезонава во квалификациите од Лигата на шампиони. По првиот натпревар одигран во Шведска, со фаворизираниот Малме, вардарци имаат поволен резултат (1-1) и доколку не примат ниту еден гол, тогаш со сигурност ќе обезбедат пласман во следната рунда.
Она што секако е интересно е тоа што црвено-црните за прв пат во својата историја како домаќини на евро сцената ќе играаат надвор од Скопје.
 
Дали е предност или слабост што мечот се игра на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе дознаеме утре, по реваншот од 2. квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони.
 
Стратегот на Вардар Гоце Седлоски уште по одигрувањето на првиот дуел, истакна дека нема намера да се брани ниту во возвратниот меч, туку со офанзивна игра ќе се обиде да го елиминира Малме.
 
Благ хендикеп за македонскиот шампион ќе претставува фактот дека температурата нема да биде “тропоска“ па така со очекуваните 25 степени, ќе им одат во прилог и на гостите.
 
Актуелна е веќе информацијата дека на еден ден пред започнувањето на натпреварот, продадени се вкупно 4.000 билети.
 
Екипата на Малме со чартер допатува во Скопје, а од главниот град со автобус продолжи кон Струмица. 
Вредно за потсетување е дека најдобрито успех на вардарци во квалификациите од елитнот натпреврување датира од 2003.година кога стигнаа на чекор од групната фаза во ЛШ, откако ја минаа ЦСКА од Москва.