Џордан прашан кој е подобар, Коби или Леброн?

2085

“Дали би го рангирал Леброн пред Коби? Не!”, изјави Мајкл Џордан.

“Коби освои пет прстени, Леброн три”, додаде Џордан.

Брајант во текот на кариерата седум пати играше во големото финале, пет пати триумфираше и два пати беше поразен, додека Џејмс три пати славеше, а пет пати загуби.

Од друга страна Џејмс има подобра индивидуална статистика од Брајант.

Во досегашната кариера, Леброн Џејмс просечно бележеше 27.1 поен по меч, преку 58% шут од игра, по 7.3 скокови и 7 асистенции. Во плеј-оф 28.4 поени, 8,9 скокови и 6,9 асистенции.

Коби Брајант просечно даваше по 25 поени по натпревар со 55% шут, 5.2 сокови и 4.7 асистенции, додека во плеј-оф 25,6 поени во просек, 5.1 скок и 4.7 асистенции.