Ќе попуштат нервите на “топчиите”: Санчез си оди од Арсенал, но останува во Лондон?

3764

Најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчезпо синоќешната реакција јасно стави до знаење дека ја игра последната сезона на Емирати, но ако се остварат најавите на англиските медиуми, дополнително ќе ги изнервира навивачите на својот сегашен клуб.

Според нив, чилеанскиот репрезентативец ќе остане во Лондон, но во редовите на лутиот ривал на Арсенал, Челси кој веќе подготвил добра понуда за него. Освен отштетата од околу 50 милиони евра, Челси му нуди 300 илјади фунти неделна плата на Санчез што е одлично и за фудбалерот и за “топчиите”. За Арсенал е добро затоа што во 2018 година истекува договорот на Санчез и тој ќе може без отштета да си замине од Емирати.

Ако одлучи да не ги нервира навивачите на Арсенал, единствена реална опција за сличен трансфер во моментов останува ПСЖ бидејќи само овој клуб може да ги исполни финансиските барања иако француското првенство не е доволен предизвик за него. Санчез одамна сака да се пресели во Италија, но Јувентус и Интер немаат толку пари, а од Шпанија уште не се јавил некој заинтересиран.

Челси би можел да биде добра одлука ако се знае дека Диего Коста најверојатно ќе си замине на крајот од сезоната, а “сините” по едногодишна пауза се враќаат во Лигата на шампионите.