Ќе има нов тренер во Барса: Навивачите го избраа наследникот на Луис Енрике

1962

Навивачите на Барселона го посакуваат Хорхе Сампаоли за наследник на Луис Енрике на клупата на својот омилен клуб.

Така покажа анкетата што ја спроведе мадридскиот весник Марка, а во кој учествуваа 40 илјади читатели. Дури 37% од нив гласаа за аргентинскиот стручњак кој оваа сезона ја води Севиља.

Во останување на Луис Енрике веруваат само девет проценти од навивачите. Поранешниот напаѓач на Барселона претходните две сезони ги освои титулите во Ла Лига, но оваа сезона екипата тотално го загуби својот идентитет и засега е фаворит само за освојување на титулата во Купот на Шпанија.